LG очекува интересот за флексибилните екрани да продолжи да расте и тие постепено да се претворат во дел не само од смартфоните, но и автомобилите. Компанијата дури планира да инвестира малку над 900 млн. долари во нова фабрика за такви дисплеи, пријави корејската новинска агенција Yonhap.
Фабриката ќе се наоѓа во Јужна Кореја и треба да е подготвена во вториот квартал на 2017 година. Флексибилните OLED екрани ќе им се допаднат на производителите на мобилни уреди и паметни додатоци, бидејќи ќе им овозможат да се создаде повеќе насочен и привлечен дизајн на моделите. Истото важи и за автомобилските производители кои нема да мора да посветуваат на правоаголни рамни простори за екраните на инструментите како што е сега.
LG ќе ги насочи своите напори во сегментот главно кон дисплеите со мали и средни големини. Флексибилните телевизори за моментов не се радуваат на особен интерес и компанијата дури се и очекува пад на нарачките за овие уреди. Новата фабрика ќе ѝ овозможи на LG да произведува четири пати повеќе флексибилни екрани во однос на сегашниот капацитет.