Минатиот месец, во срцето на културната и политичка престолнина на Виетнам – Ханој, се отвори нов импресивен хотел.
Во него на почит е издигната уметноста, создадена од современите мајстори-уметници од земјата.
Арт-хотелот има прекрасен поглед кон неверојатното езеро Хоан Кием и стариот дел на Ханој.
Малиот скапоцен камен со пет ѕвездички располага со 123 соби во нео-класичен стил, два ресторани, лоби-бар и кафуле, бар на покривот, загреан базен на покривот, бизнис центар, фитнес и спа центар.
Хотелот Apricot има исто така огромна галерија, каде се изложени повеќе од 600 оригинални уметнички дела.
Дел од нив се слики, а има и скулптури создадени од познати виетнамски уметници.
“Уметноста е врата кон длабочините на секоја култура. Ние ќе ги однесеме гостите на едно неверојатно патување низ историјата на виетнамската уметност и култура “ , вели Стив Тан – генерален менаџер на хотелот.
Во нашата галерија може да го разгледате луксузниот хотел со уметничка атмосфера во Ханој.
Фото: adelto.co.uk