2000 имигранти тргнале во Велика Британија ноќе преку Евротунелот

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Околу 2.000 имигранти се обиделе да преминат во Велика Британија во терминалот на францускиот град Кале преку  Евротунелот ноќе, пренесоа светските новински агенции.

тунел ла манш

Ова се случува уште еднаш и често протокот на имигранти низ тунелот под Ла Манш доведува до блокирање на движењето низ него. Возовите трпат одложувања по 90 минути.

Евротунел “,  со кој  работи железничката линија под Ла Манш,побара претходно овој месец Франција и Велика Британија да и компензираат компанијата со 9,7 милиони евра .

Надоместокот е во врска со потрошени дополнителни средства за мерките за безбедност, бидејќи во последните месеци групи од  имигранти се обидуваат да се качат на воз композициите и да влезат во Велика Британија.

Зголемениот притисок од имигранти во Кале доведе до прекин на услугите во јуни и може да доведе до дополнително прекин на сообраќајот и дополнителни трошоци за безбедност во втората половина на годината. 13 милиони евра веќе беа потрошени за безбедносните мерки во првата половина на годината, се вели во соопштението на компанијата.

Се додава и дека британската влада веќе се согласила да врати 4,7 милиони евра, а исто така барањето за одвојување на 9,7 милиони евра е претставено и  пред Меѓувладината комисија кза тунелот.

Во моментот до 3 илјади имигранти , претежно од Еритреја, Судан и Авганистан, се сместени во кампови во Кале.