РАно изутрината, властите во Париз почнаа да го чистат кампот на мигранти, кој ќе бидат евакуирани со околу 200 лица, соопшти Франс Прес.
Овој пат не станува збор за бугарските и романските роми, туку за муслимани од афроазиатско потекло.Според агенцијата кампот на илегалните мигранти се наоѓа во 18-и округот на француската престолнина. Вработени од социјалните служби на градот, од Органот за заштита на бегалците (OFPRA), од здружението за заштита на политичките бегалци France Terre d’Asile ги придружуваат мигрантите до центрите за привремено сместување. Француските власти веќе спроведувале слични операции. Во почетокот на јуни париската полиција евакуира 350 лица од незаконски камп на мигранти на булеварот La Chapelle. Потоа беше збришан кампот во градот Кале на Ламанш. Поголемиот дел од мигрантите пристигнале од Авганистан, Еритреја, Судан и Сирија. Многумина од нив ја користат Франција како транзитна точка и бараат начини да стигнат до Велика Британија.