Никол Кидман ја покажа пред списанието „Vogue“ својата идилична селска куќа, недалеку од Сиднеј.
Холивудската актерка и сопругот – кантри пејачот Кит Урбан – живеат со двете ќерки главно во САД или попрецизно во Нешвил, Тенеси (главниот град на кантри музиката), но двајцата си уредиле дом и во својата татковина – Австралија.
48-годишната Никол споделува дека куќата ‘се вика “Bunya Hill” и се наоѓа во туристичкото гратче Sutton Forest во Нов Јужен Велс.
Зградата на актерката е со 111 хектар површина, а импресивната куќа може да се пофали со прекрасна веранда, голема дневна и доста спални и бањи.
Сопружниците го купуваат имотот за 6,5 милиони австралиски долари во 2008 година, кратко време по раѓањето на нивната прва ќерка Сандеј Роуз, која денес има 7 години.
Видете ја куќата на Никол и Кит во Австралија во галеријата.