Се распали мистеријата со исчезнатиот Боинг – најден куфер и дел од крилото!

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Австралиската вработени ангажирани во потрагата по мистериозно исчезнатиот на 8 март 2014 година по малезискиот “Боинг” се повеќе се убедени дека е најден  дел токму од него.
Во петокот Австралија соопшти дека остатоците од исчезнатиот Боинг 777 на малезиската авиокомпанија, се откриени крај островот Реунион, и сите се се  “се ‘поубедени дека се  од летот MH370.

“Ние сме убедени дека остатоците се од MH370”, изјави за АФП директорот на австралиската служба за транспортна безбедност, која управува со операциите на потрагата во Индискиот Океан.

“Ние продолжуваме да работиме со нашите француски и малезиски колеги, кои ги анализираат расположливите информации, па не сме 100% сигурни, но се надеваме многу брзо даго достигнеме тоа ниво на убеденост. Се надеваме дека ќе го постигнеме во наредните 24 часа”, додаде тој .

Пронајденото парче од авионско крило, најдено  на островот Реунион, е од истиот тип како таа на авионите Боинг 777, но се потребни уште некои детални анализи, соопштија и светските агенции. Благодарение на нив ќе се утврди конечниот дали тоа припаѓа на авионот на малезиската авиокомпанија, изчензат во 2014 година.

Остатоци ќе биде транспортирана во Франција во текот на викендот, каде што ќе биде анализирана, рече судски извор, цитиран од американските медиуми.

Во следната недела двометарскиот  фрагмент од авионско крило ќе биде подложен на судска експертиза во центар на Главната управа на француското Министерство за одбрана.

Инспекторите открија и куфер со предмети на истото место каде што го пронашле авионското крило.