Долу ветото!

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност за соборувањето на MH-17 над источна Украина. ОН уште еднаш потфрлија. Правото на вето во Советот за безбедност треба да биде поништено, смета Г. Шлис.

совет за безб

Зошто ли не сме изненадени? Малезија побара трибуналот на ОН да ги испита причините за соборувањето на малезиската патнички авион над Источна Украина; ова барање го поддржаа и други земји со идејата да ја стиснат Русија и конечно да ја принудат да учествува во истрагата за несреќата. Само што  во Москва тие удрија на камен. Во почетокот на јули Русија веќе стави вето против резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Сега повторно го блокира документот за соборувањето на патничкиот авион над источна Украина.

Malaysia Airlines MH-17 ReaktionenЖалост за жртвите

Ајде да се потсетиме дека на 17 јули 2014 година во оваа несреќа загинаа 298 лица.САД и редица други западни земји сметаат дека поддржани од Москва сепаратисти го урнале  патничкиот авион, додека Русија ја обвинува владата во Киев.

Се враќаме ли  кон Студената војна?

Срамота е што досега ОН не можеше да ги посочи виновниците за трагичната смрт на 298 човечки суштества и да ги подведе под одговорност. Се уште не е подготвен извештајот на истражната комисија, назначен пред една година токму од Советот за безбедност. Напорите на експертите од Малезија, Австралија, Белгија, Украина и Холандија  не успеваат , бидејќи Русија и сепаратистите не сакаат да соработуваат во истрагата. А руското вето во Советот за безбедност не остава многу надежи дека во овој поглед нешто може да се промени.Во рок од два месеца Москва на два пати го блокира гласањето на резолуции со право на вето во Советот за безбедност.  Дали не се поставува една уште подлабока конфронтација? Дали пак не се враќаме на годините на Студената војна, кога дебатите во Советот за безбедност се одвива токму вака?

Schliess Gero Kommentarbild AppХерој Шлис, Њујорк

Ветото како политички инструмент

Советот за безбедност е во очајна сосотојба. И ова не е единствен случај, туку кулминација по цела серија пропуштени можности. Во интерес на вистината: Русија не е единствената земја која “жега ” со право на вето. Минатата година САДја  блокираа резолуција на Советот за безбедност, која ја осудува бруталната акција на Израел во Појасот Газа. Русија од своја страна и до денес ја  блокира резолуцијата на ОН, која би можела да ги прекине убиствата во сириската граѓанска војна и да го осуди сирискиот претседател Асад за масовно кршење на човековите права. Охрабрувачки е барем дека САД, Русија и другите членови на Советот за безбедност беа едногласни за уништувањето на сириските хемиско оружје. Сепак ОН уште е премногу далеку од целите кои си ги  има поставено . Со срамежлив молчење по витални прашања и експлозивни конфликти, Советот за безбедност си плука во лицето. Како нема да се сомневаш во користа од слична институција која е само-заклучувачки фикс со архаичното право на вето? За што му е на светот еден Совет за безбедност, кој не сака да се деблокира и да носи решенија за клучните безбедносни прашања?

Повоените правила веќе се смешни

Одамна е дојдено времето за реформа на ОН. Правото на вето, кое пет држави си го присвоија по горкчливите  искуства од Втората светска војна, веќе не одговара на реалноста. Главно е   да ги повторуваме повиците за укинување  – и покрај тоа, тие дури уште  и да не стигнале до пленарната сала. Секако, не е за верување дека САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина доброволно ќе се откажат од привилигерованите позиции. Тие ќе го блокираат секој предлог за ограничување на нивното право на вето со … истото тоа право на вето. Неодамна Франција направи предлог кој може да стави почетокот на реформи во ОН. Французите си извадија поука од катастрофи како геноцидот во Руанда – и сакаат кај слични случаи правото на вето да отпадне. На овој начин, Советот за безбедност би можел да делува при хуманитарни катастрофи преку гласање со мнозинство. Но досега сите обиди за реформи пропаѓаат  со страшен тресок, па едвај има и нешто малку надежи. Дури и срамежливиот предлог на Французите сигурно ќе заглави во мочуриштето на себичните политики за заштита одвоенте интересина најголемите.

 DW