Принцот Чарлс ги претвори градините на фармата Хејгроув во игралиште за својот првороден внук, принцот Џорџ.
Неодамна синот на кралицата Елизабета Втора ги обнови старите детски објекти, на кои си играле неговите синови Вилијам и Хари, кога биле мали.
Уште во 1989 година Чарлс побара да инсталираат за 7-миот роденден на Вилијам куќичка на дрво, која сепак неодамна е реновирана. Новата куќичка под тополата чини 20 илјади британски фунти и е направена од овча кожа и дабови гранки и има скали од јаже.
Принцот Чарлс е сопственик на предметниот имот во Глостршир од 1980 година и тоа е омиленото негово место за рекреација. Всушност тој и неговата сопруга Камила поминуваат голем дел од своето време токму тука.
Чарлс повеќепати сподели со медиумите снимки од своите омилени градини, кои се наоѓаат на 190 хектари, еколошки чиста земја. Самиот принцот редовно чисти плевел, поткаструва и засадува растенија на фармата.
Според извори блиски до кралското семејство, идниот крал редовно ужива излети во градините со својот првороден внук, а можеби по некое време друштво ќе им прави и неговата 3-месечна внука Шарлот, која е именувана по него.
Еден од чуварите на Чарлс неодамна изјави за Daily Mail: “Градините на Хејгроув секогаш биле страст на принцот, но тој никогаш не престанува да ги гледа како семеен дом, каде децата и внуците можат да играат. Тој има поминато со своите синови многу среќни моменти тука и сега се надева оти тоа ќе се повтори со внуците. ”
Погледнете фотографии од градините во галеријата.