Ситуацијата околу тунелот под Ла Манш покажува итната потреба од заедничка европска одлука на бегалскиот проблем. Треба да се стави крај на политиката, која ги остава соседите сами да се подобрат, пишува ФАЦ.
“Младата генерација на еден цел континент е на пат!” – Таков беше коментарот по повод протокот на азиланти и работни мигранти кои пристигнуваат на станицата во баварскиот град Розенхајм. Она што со месеци се разигрува околу Кале на влезот на тунелот под Ла Манш стократно ги потврдува Баварските анализи. Секоја ноќ стотици Африканци скриени во камиони, се обидуваат да преминат нелегално во Велика Британија со надеж дека таму полесно ќе добијат азил и ќе најдат подобри услови за живот. Условите во Кале се скандалозни, опасни и нечовечки. Полицијата се чини не е во можност да ја совлада ситуацијата и изгубила секаква контрола. Затоа се креваат и барања за крути мерки, а некои дури и инсистираат за интервенција на армијата. На мигрантите треба да биде укажано дека Велика Британија не е “сигурен дом”. Бегалците, чии барања за азил биле одбиени, треба да бидат вратени брзо во нивните матични земји. Лесно е да се каже, но тоа е тешко да се оствари во пракса, како што покажува веќе стекнатото искуство. На овој начин растечкиот проблем едвај ќе биде решен.
Фер имиграциска политики и разумни практики
Уште полесно е да се каже дека проблемот треба да биде фатен од корен. Младите Африканци не сакаат да го поминат живот со надеж дека некогаш условите во нивните земји – можеби – ќе се подобрат. Во стремежот кон подобар живот тие ги прифаќаат ризиците сиромаштијата и опасностите. Мотивите на овие мигранти се разбирливи. Но нивниот огромен број им прави проблеми на политичарите, властите, како и на населението на земјата домаќин. Особено кога има и масовни злоупотреби со правото на азил. Во Кале не станува збор само за “нарушување во сообраќајот”. Но, дури и тие, како и јавното негодуваат, покажуваат колку итно е потребно тесна британско-француско соработка и паневропски одговор на бегалската криза. Треба да биде ставен крај на политиката, која ги остава соседите сами да се справат со кризата. Има потреба од чесна европска имиграциски политики и разумни практики против нелегалната миграција. Иако и тогаш бегалски поток нема да пресуши.
www.faz.net

