(ВИДЕО) Дејв Грол одговори на музичката молба: Фу Фајтерс одат во Чезена

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Само еден ден откако беше објавено видеото во кое 1000 музичари ги зедоа своите инструменти и микрофони и во еден глас и ритам го изведоа хитот на Фу Фајтерс “Learn to Fly“, за да ги повикаат на концерт во Чезена, Италија, бендот даде видео одговор.hqdefault.jpg101

Фронтменот Дејв Грол на италијански јазик одговори дека тие се воодушевени од нивната изведба и ќе дојдат да им го исполнат барањето многу наскоро.

Инаку, Дејв Грол неодамна ја скрши својата нога токму за време на концерт и дури продолжи со изведбата за да ги задоволи своите обожаватели. Колку брзо ќе стигнат Фу Фајтерси во Италија, останува да видиме.