Руските социјални мрежи се напалија на административки на Владата на Улјановската област. Поводот за дискусијата сезакачените слики кои чиновничките ги постирале на лични страници јави НТВ.

Меѓу “жешките чиновнички” како што веќе се прочуло на социјалните мрежи, има соработничка на одделот за справување со корупцијата, експертка од образовниот департментот и портпаролката на Министерството за спорт.
А за фотките јавноста се подели, едни не гледаат во сликите ништо лошо, други сметаат дека така се урива угледот и престижот на државната власт, забележува НТВ.