Дури и да стане американски претседател, Доналд Трамп никогаш нема да успее да се разбере со рускиот претседател Владимир Путин, смета Леонид Бершидски , во анализа во “Блумберг”.

Тој дава пример како Путин се расправа со “праволиниски” бизнисмени како Борис Березовски. Експертот е категоричен дека американскиот милијардер најверојатно бил заведени од своите советници, откако изјави дека ќе успее да се договори со рускиот претседател. “Путин не склучува договори со спектакуларен бизнисмен, тој ги јаде за појадок”, тврди Бершидски и одредува дека рускиот претседател е “службеник со свои правила”.
Според аналитичарот, грешат и некои медиуми кои бараат сличност меѓу Трамп и Путин.Така Politico смета дека и двајцата се “премногу нарцистоидни и веруваат во силна сплетки на власт”, а Washington Post потсетува за нивните високи рејтинзи во последно време. Бершидски потсетува и за судбината на еден од познатите руски бизнисмени на прд- Борис Березовски, кој во својата кариера секогаш сметал дека сè на овој свет може да се купи и продаде. По залезот на Борис Елцин сепак, Березовски одеднаш стана незгоден за Кремљ, особено откако ја кртикувал политиката на Путин во Чеченија. Така бизнисменот беше принуден да емигрира, а во 2013 година, кога заврши и со парите, го најдоа обесен во неговиот дом во Лондон . Британските власти не можеа да утврдат дали тоа е самоубиство или не. Березовски ја загуби битката со Путин, кој не е шоумен, туку класичен политичар и службеник бирократ со челично срце на офицер од КГБ. Тој не склучува договори, бидејќи никогаш не бил бизнисмен, а секогаш бил претставник на државата, а неа е тешко да ја победиш или измамиш, смета уште Бершидски. По оваа основа тој предвидува дека ако Трамп стане американски претседател, односите меѓу САД и Русија можат само да се изострат и тоа повеќе отколку сега со Барак Обама.