Илјадници пожарникари продолжуваат да се борат со над 20 големи шумски пожари кои дивеат во западниот дел на Калифорнија крај пацифичкото крајбрежје на САД.

Жештината и сушата во државата силно ја отежнуваат задачата на пожарникарите, пренесоа агенциите. Според стручњаците многу од пожарите се предизвикани од гром. Поради маките гувернерот на државата Џери Браун прогласи вонредна состојба, велејќи дека жестоката суша и екстремни климатски услови претвориле големи делови од државата во “барутен пекол”. Тоа негово решение ќе овозможи побрзо да се издвои средства и ресурси кон огненото зони, истакна тој за “Лос Анџелес тајмс”.
Со пламените по места веќе се борат околу 8.000 пожарникари. Американската агенција за шумарство соопшти дека при пожар во општина Модок во североисточниот дел на државата, загинал и еден пожарникар. И додека пожарникарите се борат со огнената стихија, нов голем пожар избувна синоќа северно од Сан Франциско и веќе зафаќа површина од 9000 хектари, соопшти БТА.
https://youtu.be/KpAS9NRoPB0
Досега само околу 5 проценти од овој пожар е под контрола, пишува весникот. 650 луѓе таму требало да бидат евакуирани и да ги напуштат своите домови. “Никогаш досега не сме се соочуваат со оган од таков обем”, рече портпаролот на агенцијата за шумарство.