Откако Ал Сиси “намигна” кон Русија, САД и Египет го обновија стратешкиот дијалог

од desk3
84 прегледи

САД и Египет го обновија во неделата стратешкиот дијалог за прв пат по 2009 година. Државниот секретар Џон Кери се сретна со египетски министри во Каиро во рамките на блискоисточната турнеја, чија цел е да намали стравувањата во регионот по склучувањето нуклеарниот договор со Иран, пренесоа американските медиуми.

hqdefault

Египетската телевизија покажа во живо како Кери се среќава со египетскиот колега Самех Шукри. Државниот секретар на САД ќе има и други средби во текот на денот, по кои се очекува да даде брифинг за новинарите.

“Обновувањето на стратешкиот дијалог денес е сериозна шанса за двете страни да направат преглед и оценка на различните аспекти на египетско-американските односи – политички, воени и економски”, изјави египетскиот министер за надворешни работи во почетокот на средбата, јави Ројтерс.

Односите меѓу Вашингтон и Каиро заладија откако претседателот Мохамед Морси беше соборен од власт од страна на војската во 2013 година поради масовни протести против неговото владеење. Но, односите со поранешниот генерал Абдел ас Сиси, кој подоцна стана претседател, постојано се подобруваат.

Двете земји водеа преговори во рамките на стратешкиот дијалог за последен пат во декември 2009 година, забележуваат агенциите.

Покрај загриженоста за почитувањето на човековите права и слободи во Египет владата на Обама ја обнови и зголемува военото помош на земјата, која се соочува со се поголеми закани од исламски радикали, особено во Синај. Во петокот САД доставија 8 ловци Ф-16 на Египет, како дел од пакетот за воена помош.

Зимоска рускиот претседател Владимир Путин го посети Египет, каде со Ал Сиси склучија договори за изградба на нуклерни централи, трговија со локалните валути, како и други билатерални трговски и воени договори.