(ВИДЕО) Калуѓерки на шипка на турнејата на Мадона

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Мадона објави на YouTube два тизера за претстојната турнеја Rebel Heart (“Бунтовничко срце”).hqdefault.jpg6

Видеото прикажува снимки од пробите на танчерксата трупа составена од 30 млади мажи и жени. Во една од сцените се појавуваат девојки облечени како калуѓерки кои танцуваат околу шипка.

Тизерите се дополнети со цитат од песната на Мадона Devil Pray (“Ѓаволска молитва”): “Ако сакаш да зачуваш душата своја, тогаш треба да патуваме заедно и да го присилиме Ѓаволот да се моли.” Самата Мадона речиси не се појавува во кадрите.

Rebel Heart стартува на 9 септември, а Мадона ќе одржи концерти во САД, Канада, Европа, Австралија и Азија.

https://www.youtube.com/watch?v=_Iy6daF4VFs