(ГАЛЕРИЈА) Импресивни бамбусови куќи на Бали

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Илјадници луѓе низ светот копнеат да го остварат американскиот сон и можеби не би го разбрале изборот на Елора Харди .f098a905ebd310b139688de51663f295

Таа ја остава успешната кариера во модната индустрија во Њујорк, за да гради бамбусови куќи во Индонезија.

Елора се преселила да живее во Бали и веќе пет години заедно со својот тим се занимава со т.н. бамбусова изградба  Американката смета дека бамбусот е одличен обновлив ресурс, иако недоволно искористен.

Освен тоа, при изработката на куќите Елора користи борон (boron), кој се јавуваво природата и со чија помош се третира бамбусот, за да го заштити од инсекти.

Поранешната Њујоркчанка го објаснува изборот и својата нова вокација така:

“Тоа е ветување за децата. Ова е отпорен материјал кој нема да го снема. И кога за прв пат пред околу шест години ги видов овие згради кои се градат, мислев дека тоа е одлично и во него има смисла … “ .

Влезете во галеријата и проверете како изгледаат бамбусовите куќи во Бали. Дали би живееле во таква?