Задолжувања за купување гласови

од desk3
113 прегледи

 Секој ден по 2 милиона евра. Од првично планирани 84 милиони задолжувањето со ребалансот ќе изнесува 384 милиони евра. Владата не задолжува за непродуктивни трошоци и за купување гласови , велат познавачите.

89EC8612-3460-4FF5-A6EB-2E4BBF51ACA4_w640_r1_s-540x304

Владата денеска ќе се задолжи 2,2 милиони евра преку објавување на државни хартии од вредност. Минатиот месец владата на истиот начин се задолжи со 1,6 милиони евра. Во ребалансот на буџетот е предвидено владата годинава кај домашните финансиски институции да се задолжи дополнителни 300 милиони евра. Тоа значи дека со првично планирани 84 милиони задолжувањето со ребалансот ќе изнесува 384 милиони евра. Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека Македонија само оваа година дневно се задолжува со нови два милиони евра, а притоа тие пари се наменети на неповратни трошоци.

„Ова што се случува во Македонија е во најмала рака страшно затоа што ние не гледаме што се случува во соседството и не извлекуваме поуки, туку јуришаме кон истата судбина. Сум потенцирал неколку пати се работи за егоцентрична политика на Владата на РМ. Се работи за најобично купување на гласови од социјално зависни категории. Во социјално зависни категории спаѓаат сите што се под буџетот и сите што се под фондот за пензиско осигурување. Тие луѓе сакале или не сакале мора да излезат на гласање затоа што едноставно се купени“, вели Витанов за Радио Слободна Европа.

Целата анализа прочитајте ја тука