Се сеќавате на југословенскиот национализам при распределбата на парите!?- а што е различен национализмот на Франција, Британија и Холандија

од desk3
76 прегледи

Битката за Европа ќе биде изгубена или освоена во Германија. Неодамна имаше денови, во кои изгледаше дека таа наскоро ќе биде изгубена. Сепак длабоко вкоренетата посвета на Германија на европската интеграција, базирана врз владеењето на правото, не смее да биде подлабока.

zx450y250_2585252

Ако Европската унија се распадне, неуспехот ќе се должи на национализмот и неподготвеноста на Франција, Велика Британија и Холандија да отстапат повеќе овластувања на Брисел, но не и на инсистирање за финансиска дисциплина и почитување на правилата од страна на Германија.

“Ако еврото пропадне, тогаш и Европа ќе пропадне”, неколкупати германската канцеларка Ангела Меркел го предупредува Бундестагот.

Билансот по преговорите на лидерите на еврозоната за грчкиот договор,кој продолжи цела ноќ и заврши со договарање на строги и според многумина премногу тешки услови, беше почувствуван во цела Европа и најмногу во Германија.

Тоа беше втор пат во рок од неколку недели, во кој европските лидери влегоа во спор за фундаментални проблеми наизглед нерешливи – втор проблем беше самитот, на која требаше да се најде решение на имигрантската криза.

Овие теми доведоа до тешка загатка во Берлин – како да се зајакнат европските институции, за да се обезбеди и иднината на заедничката валута. Слична дебата сепак во ниедна друга европска престолнина не се одржа.

“Ако ги обиколиш европските држави, нема да најдеш многу луѓе кои размислуваат за иднината на Европа толку напорно како во Германија”, коментира висок претставник на владата во Берлин.

Веројатно поради својата историја од Втората светска војна Германија е отворена од другите европски нации кон тоа да нуди азил на бегалците од војната и во моментов прифаќа најголемите квоти имигранти.

Освен тоа Меркел далеку не беше меѓу најстрогите кредитори во дебатата за Грција колку Финска, Холандија, Латвија, Литванија и Словачка , во настојувањето за строги услови за идната помош за Атина.

Во исто време, сепак, Германија презема најголем дел од вината и поради своето минато, а референците за “нацистичка тиранија” се често среќавани. Повратната реакција достигна својата кулминација, кога германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го наруши табуто и предложи Грција да излезе од еврозоната барем привремено, ако не може да ги исполни условите на партнерите.

По децении искуство да биде дискретен тимски играч во Европа или барем партнер во интеграцијата во рамките на француско-германскиот тандем, Берлин беше определен како непријатен соло лидер поради своето однесување за време на финансиската криза во еврозоната.

Оваа дополнителна одговорност врз Берлин се должи повеќе на слабоста на Франција и на рамнодушност на Велика Британија, отколку на огромните амбиции на кабинетот на канцеларката.

Кејнсианските економисти ја критикуваат Германија поради огромниот извоз и штедливоста. Во исто време јужноевропските држави од своја страна ги мразат строгите нејзините економски кратења. Американците, Британците и Французите го осудуваат одбивањето на Берлин да инвестира во тоа да стане воена сила, а Париз не е задоволен од отпорот на кабинетот на канцеларката да плати повеќе за идејата за “повеќе Европа”.

Незапирливиот бран од критики кон Берлин покрена многу прашања. Не е изненадување што тие се поврзани најмногу со тоа како да се обезбеди почитување на фискалните права и економските политики, отколку со тоа како да се распредели богатството и ризикот меѓу побогатите и посиромашните региони на еврозоната.

Независното тело од економски независни советници на владата претстави долг извештај во кој предложи механизми за “уреден” банкрот на земјите во монетарната унија, кои ќе водат до излез од еврозоната “во краен случај”.

Советниците освен тоа повикуваат за додавање на клаузула, која ќе забранува спасувачки програми во европските договори, која ќе ја исклучи секоја можност за трансфер на обврски од една земја во друга. Експертите, исто така ја негираат идејата за создавање на заеднички буџет на еврозоната или општи шеми за гаранции против невработеноста.

“Во една монетарна унија основните правила мора да се почитуваат и затоа излегувањето на членови од него не треба да биде табу – инаку партнерите лесно ќе почнат да се рекетират едни други”, вели еден од членовите на советот – Ларс Фелд, за новинарите.

Германија сепак може да се пофали со доста креативни идеи, дури и во бастиони на фискалната дисциплина како Министерството за финансии во Берлин. Министер Волфганг Шојбле, на кого не му стана пријатно да биде намерно мажот кој сака да ја исфрли Грција од еврозоната, изјави за медиумите дека би можел да прифати создавање на позиција на министер за финансии на монетарната унија, кој ќе работи под контрола на парламент на еврозоната со сопствен буџет.

Овие идеи се добро познати и на Франција, која сака посилно единствен економски менаџмент за 19-те држави од монетарната унија, заеднички парламент и фискален тампон кој ќе ги поддржува земјите фатени во тешкотии.

Покрај тоа Министерството на Шојбле ги негираше тврдењата на германските медиуми дека министерот сака да и ги оддели на Еврокомисијатаовластувањата да ја регулира конкуренцијата и единствениот пазар. Неговата желба е да има одговорен орган кој не е подложен на политичко влијание при примената на буџетските правила во ЕУ. Според многумина ваквата претензија на Германија се должи на фактот што претседателот на ЕК и неговиот заменик за економски прашања, Пјер Московичи се премногу благонаклони спрема Грција и Франција.

Од Берлин исто така ја поддржаа идејата за посебен парламент за еврозоната, кој ќе ги направи одлуките повеќе демократски – уште нејасно дали во подформат на Европскиот парламент или хибрид меѓу европско законодавство и членови на националните парламенти.

Во тоа време, типично во нејзин стил, Ангела Меркел ја набљудува охрабрувачки дебатата, без да ги покажува параметрите. Тие веројатно ќе станат јасни во октомври, кога европските лидери ќе се сретнат за да дискутираат извештај на Жан-Клод Јункер и раководителите на другите европски институции за зајакнување на управувањето во еврозоната.