Најмалку 38 лица се повредени во пожар и последната експлозија во бункер во германскиот град Хамбург, пишува ирскиот весник The Belfast Telegrapg.

Над 60 лица од станбените згради лоцирани во близина на градба која датира од времето на Втората светска војна, се евакуирани од властите.Од противпожарната служба во северногерманскиот град е објавено дека пожарот избувнал рано во вторникот во столарска работилница, лоцирана во шесткатна зграда. Подоцнежната експлозија се случила кога пожарникарите се обидувале да го изгаснат пожарот. Не е јасно што точно го предизвикало пожарот, но во градбата се складирани повеќе од 100 тони етерични масла.