САД го одобрија првиот лек од 3D печатач

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Американската агенција за храна и лекови го одобри првиот лек, направен со 3D печатач – апчиња за лекување на епилепсија.66cd3cb6-6be2-4ea9-8f23-2583b5e3faba

Компанијата “Aprecia Pharmaceuticals” најави дека системот  може да произведува дози до 1000 мг. за таблета.

Формулата е растворлива во вода, што ја прави удобна за луѓето кои имаат проблеми со голтањето, како и за деца.

Лекот, познат како “Spritam” е првиот, направен со 3D печатач, што агенцијата го одобри. Компанијата планира да ја започне дистрибуцијата на лекот во првиот квартал на следната година.

Агенцијата веќе фрли светлина на други медицински производи направени со 3D технологија како различни протези, на пример.