ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДСМ немаше “И” од информатичка технологија

од desk3
76 прегледи

Оној кој дефинитивно ќе замине од политичката сцена е Зоран Заев и тоа ќе се случи на изборите на 24 април, кога СДСМ и Заев ќе го дожиевеат 10-тиот пораз по ред од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата за медиуми на Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

vmro
Oваа Влада има министри кои пред и после министерската кариера доаѓаат и работат за признати светски институции и компании, а кадрите на СДСМ доаѓаат од корумпирани општински администрации како Струмица и Куманово. Во тоа е разликата.

Граѓаните ги прочитаа срамните тактики на СДСМ, чија цел е економско закочување, назадување, тензии и конфликти и тоа ќе го казнат.

Во време на СДСМ немаше “И” од информатичка технологија, освен срамниот скандал на Шекеринска и тендерите кои ги добиваше Семос.

Во време на СДСМ пристапот до интернет беше 9 а сега е 70%. Тогаш немаше а сега има компјутери во сите основни и средни школи. Тие не даваа а ние даваме ваучери за студентите да набават таблет компјутер. Цената на телефонскиот импулс сега е за 80% поефтина отколку во време на СДСМ. Има дигитална телевизија и 4G мобилна телефонија.

Донесен е најмодерен закон за администрација кој има и повеќе од европските стандарди. Се донесе и нов закон за општа управна постапка кој нуди голем број позитивни работи за граѓаните кои ќе им заштедат и време и трошоци.

Тоа се само мал дел од работите кои покажуваат дека ние работиме со дела и факти, а СДСМ само со краза и золчност, и тоа се дел од прицините заради кои СДСМ на 24 април ќе доживее тежок пораз.

СДСМ нека продолжи со својата зачмаеност, ние продолжуваме со работа на над 2000 проекти.