Словаци со активен отпор против имигрантите

од desk3
80 прегледи

 

Во словачкото гратче Габчиково привремено треба да бидат сместени 500 бегалци кои конкурираат за азил во Австрија. Ни збор да не станува! – така реагираат жителите на Габчиково. И дури го отвфрлија планот во посебен рефрендум.

0,,18625970_303,00
Минатата недела жителите на Габчиково беа повикани да гласаат на референдум. Станува збор за еден договор помеѓу словачката и австриската влада, според кое малото словачко гратче Габчиково треба да прифати привремено 500 бегалци, додека течат постапките за давање на азил во Австрија.

Граѓаните на Габчиково сепак се против населувањето на бегалци во зградата на универзитетот. “Ние не сакаме тука да има логор. Еднаш веќе имавме мигранти во градот. Доста ни е толку. И предходно имавме проблеми со странците. Не сакаме ова да се повтори”, вели претседателот на Комисијата за петиции Золтан Јакус. “Денес, ситуацијата е сосема поинаква”, му опонира гувернерот на универзитетската зграда Золтан Јарос. “Овие бегалци нема да останат во Словачка. Ако пак го прекршат законот, Австријците ќе им ги отфрлаат барањата за азил и ќе ги вратат во родните земји”, вели тој.

“Ние дури не знаеме од каде доаѓаат овие бегалци”

Градоначалникот на гратчето Иван Фенес уште се лути поради информациската политика на владата. Преку Фејсбук таа раширила информацијата дека во Габчиково треба да бидат сместени бегалци, но само толку. “Воопшто не знаеме кој ќе дојде тука, колку бегалци ќе пристигнат. Не знаеме и од каде потекнуваат”, вели Фенес.

0,,18625968_401,00
Поради недостаток на информации, тој не успева да ги смири и сограѓаните. И самиот градоначалник сепак доживува стравови. Што ли ќе стане со така тешко ревитализиран туризам? Кој ќе се грижи за безбедноста на браната кај евентуални напади? И воопшто, според него, станува збор за општата безбедност на градот. “Ние дури нема да можеме да го спречиме слободното движење на бегалците низ гратчето. Луѓето тука се по цел ден на работа, а мигрантите немаат што да прават и ќе се шлат по цел ден наоколу”, вели Иван Фенес.

Гласот на луѓето од Габчиково

на референдумот од минатата недела учество зедоа вкупно 2 603 граѓани на Габчиково што одговара на околу 60 проценти од целото население. 97 проценти од учесниците гласаа против плановите на владата. И тоа не беше изненадување. Градоначалникот сепак не верува дека резултатот од референдумот може да покаже некакво влијание. “Премиерот вели дека ќе го почитува правото на петиции и резултатот од референдумот. Но, тоа нема да промени ништо. Бегалците ќе дојдат и онака. Ние само сакавме да дадеме еден сигнал”, вели Иван Фенес.

На 21 јули Словачка одобри привремено прифаќање на 500 бегалци,кои аплицираа за азил во Австрија. Министрите за внатрешни работи на двете земји потпишаа и соодветен билатерален договор. По потпишувањето на документот словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинјак изјави дека неговата земја така си ги “исплаќаат долговите”, бидејќи Австрија го поддржала полноправното членство на Словачка во ЕУ и нејзиното пристапување во Шенген зоната.