Она што сега се случува во Украина, речиси сигурно е дека е почетокот на втора граѓанска војна, тврди американскиот историчар професор Стивен Коен во шоуто на Џон Батчелор.Според Коен, тоа ќе биде војна меѓу поддржаната од САД влада во Киев и постојано растечкиот број на ултранационалистите.

Коен појаснил дека веројатно најголема моќ во ова движење го поседуваат членовите на групата “Десен сектор”, меѓу кои има и неонацисти. Историчарот смета дека Порошенко веќе е изморен од војната и се стреми да ги почитува Минск договорите, бидејќи тоа е единствениот начин да си ја задржи претседателската фотелја. Десничарските сили сепак не му дозволуваат да започне разговори со претставниците на Донбас, макар тоа да е една од точките на договорот од февруари. Во врска со тоа Коен повикува да се замислат оние претставници на САД, кои инсистираат да биде испратена оружје во Украина всушност на кого помагаат: на режимот на Порошенко или на “Десен сектор”?
На официјално ниво никој не сака да дискутира за овој момент. Размислувајќи за перцепцијата на украинскиот конфликт од страна на САД и Европа, Коен признава дека поделбата меѓу нив расте, а тоа значи дека политиката меѓу нив пука. Една причина за ова е незадоволството од санкциите против Русија. Според Коен, ако прашаат неколкумина конгресмени за причините за санкциите, тие би дали три различни одговори, но, според историчарите, ниту една од наведените причини не е доволна причина за воведување на санкции. Некои од конгресмените би го посочиле пристапувањето на Крим кон Русија, но сепак е јасно дека полуостровот нема да се врати во составот на Украина, т.е. санкциите треба да се вечни.
Ако некој ги поврзува санкциите со катастрофата на Boeing-от крај Донецк, сепак експертите и досега не објавиле официјално кој е виновен за инцидентот. Третата можна причина е “инвазијата” на Русија во Украина. Кризата во Донбас започна со граѓанска војна: додека Русија го поддржуваше истокот на земјата, Западот го поддржуваше Киев. Според Коен активностите на Западот, исто така може да се споредуваат со упад.