Што е заедничко помеѓу Махатма Ганди, Аунг Сан Су Чи и Ким Јонг Ун? Сите тие се носители на наградата за мир на Фондацијата “Сукарно”. Севернокорејскиот диктатор е овогодинешниот добитник! Како е можно тоа?
Австралискиот судија Мајкл Кирби сигурно бил потресен од веста на неделата: севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун е удостоен со наградата за мир на индонезиската фондација “Сукарно”. Тој е одличен поради “неговата борба против неоколониалниот империјализам”. Фондацијата која го носи името на првиот индонезиски претседател Сукарно, има намера да му ја врачи наградата во септември, иако критиките од целиот свет не престануваат.
Мајкл Кирби не може да поверува. Како е можно фондација “Сукарно” да удостојува со награда за мир еден диктатор! Самиот Кирби беше претседател на комисијата на ОН, која минатата година објави извештај за кршењето на човековите права во Северна Кореја. “Бев вистински потресен од нискоста на севернокорејското раководство и од степенот на маките на кои се подложени луѓето најмногу во севернокорејските кривични и работни логори”, изјави своевремено Кирби во интервју за Дојче Веле.
Зошто токму Ким?
Насилство? Маки? Искоренување на политички противници или личности кои би можеле да бидат опасни за Ким? Кршења на човековите права во името на раководството? Тие се работи за кои Рахмавати Сукарнопутри, ќерка на првиот индонезиски претседател и актуелна адвокатка на фондацијата “Сукарно”, не ни слушнала. Обвиненијата биле “лажни” и не биле ништо поразлично од “западната пропаганда”, тврди таа во разговор со агенцијата Франс прес. Сукарнопутри повеќе видела сличностите меѓу младиот Ким Јонг Ун и нејзиниот сопствен татко и прв претседател на земјата. “Своевремено и тој беше нарекуван ѓаволски диктатор, кршач на човековите права. Но, со текот на времето, овие обвинувања се покажаа лажни”, вели убедено таа. Вообичаена практика на Западот било да оклеветува некого кој држи до своите принципи. Исто како Ким и нејзиниот татко.
По традиција Џакарта и Пјонгјанг одржуваат добри односи. Основата ја положија уште Сукарно и Ким Ил Сунг. Во април 2014 година индонезиски претседател Видодо усвои делегација од Северна Кореја. А наградата за мир на Фондацијата “Сукарто” не оди за прв пат во рацете на династијата Ким. Во 2001 со наградата беше удостоен посмртно Ким Ил Сунг.
До нивните имиња во списокот на носителите на наградата за мир се и оние на Махатма Ганди и Аунг Сан Су Чи – двајца од најпознатите борци за слобода и демократија. Според коментаторот на индонезискиот весник “Џакарта Глоуб” ова е апсолутно несоодветно. “Не е јасно како Ким Џонг Ун придонесе за светскиот мир. Тој воопшто не може да биде споредуван со овие две икони. Имено, под неговото агресивно водење , односите со Јужна Кореја, Јапонија и САД навистина беа замрзнати”, читаме во статијата .
Ова е некоја шега?
Адвокатката на индонезиската фондација Рахмавати Сукарнопутри објаснува дека Ким Џонг Ун е одличен за “мир, правда и хуманост”. Тоа се концепти за кои австралискиот судија Мајкл Кирби едноставно нема како да контактира со името на Ким Џонг Ун.
Додека разговарал со илјадници сведоци, Кирби вкусил “одвратност и омраза” спрема севернокорејскиот режим. Еден од преживеаните информирал за условите во еден камп за политички затвореници. Тој требало да ги закопува мтшавите од глад тела на затворениците. Ги немал сепак потребните алатки и затоа ги горел труповите во една цистерна, а пепелта ја расфрлал по полето наоколу како ѓубриво. “И тој рече дека режимот бил многу добар”, заклучува Мајкл Кирби, кој со ужас се сеќава за овие разговори.

