Русија одби да му издаде виза на новиот германски воен аташе во Москва

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Руското Министертсво за надворешни работи неочекувано го одби барањето на германската Влада за издавање влезна виза на новиот воен аташе на Германија во Москва, бригадниот генерал Герт Гавелек, објави магазинот „Шпигел“.

ruska viza

Според весникот, Москва не дала образложение за причините за одбивањето на барањето за виза за Гавалек, кој идната недела требаше да ја преземе функцијата воен аташе.

„Шпигел“ наведува дека ваквата одлука на Москва најверојатно претставува одговор на неодамнешното решение на Германија да не го прифати новиот воен претставник во руската Амбасда во Берлин.

Својата одлука Берлин ја обрзложи со тврдењето дека при рутинска конторла, агентите на германската разузнавачка Федерална служба за заштита на Уставот, констаирале „неприфатливи“ податоци во биографијата на новиот руски воен аташе.

Германските власти не појаснија за какви „непрофатливи“ податоци станува збор.

Инаку, Гавелек е поранешен офицер на армијата на некогашна Источна Германија, кој завршил воена академија во Москва и одлично говори руски јазик