Камерите на Меѓународната вселенска станица снимиле НЛО, јави “Дејли експрес”. Кадрите на видеото се од официјалниот сајт на НАСА, каде постојано се емитува што се случува во вселената, а датумот на видеото е 3 август 2015 година.

Веста предизвика веднаш коментари дека астронаутите на Станица се под постојан надзор од вонземјани. Самиот непознат објект со розова опашка се доловува од камерата само за неколку моменти, но доволно за да биде забележан. Според уфолози, чудно е дека камерата не се задржало на објектот, т да го разгледа детално. Има верзија дека снимката е манипулирана од соработници на НАСА, кои сакаат да скријат информациите за непознати летачки објекти во видното поле на вселенската станица и нејзините камери.