Избувнувањето на Третата светска војна е блиску, причината се терористите

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Нациите во светот наскоро ќе бидат обземени од “трета светска војна”, која ќе биде разгорена од терористи, изјави висок ирански претставник. Хашеми Рафсанџани, претседателот на Советот за целесообразност на Иран, за време на состанокот со висок италијански политичар претходно оваа недела.

20150809.ldcfnrsmvd

Според него, војната ќе биде лансиран од терористите, но вината за неа паѓа целосно на САД и НАТО, поради нивната инвазија во Авганистан. Според информациите на агенција Фарс, Рафсанџани  му рекол на италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Гентилони: “Заканата од почетокот на трета светска војна од терористите е многу сериозна. САД и НАТО упаднаа во Авганистан, за да се искорени тероризмот и дрогата, но ние видовме дека тероризмот се прошири од “Ал Каеда” и Движењето на талибанците во Авганистан и Пакистан во облик на “Исламска држава”, Боко Харам и Фронтот ал Нусра до најоддалечените делови на светот “.

Исто така Рафсанџани ги  повикува западните земји да прекинат со поддршката за терористичките групи во Блискиот Исток, без да прецизира кои точно се тие.

Иако САД успеаја да постигнат историски пробив во преговорите за иранската нуклеарна програма, двете земји допрва ќе ги затоплуваат своите односи.Иран и САД може да се едногласни во борбата против “Исламска држава” во Сирија и Ирак, иако земјите продолжуваат да се на нож за голем број прашања.