“Исламска држава” излезе со пропагандно видео на германски, во кое младите муслимани во Германија се повикуваат да убиваат “неверниците”. Блискоисточниот експерт Михаел Лјудерс ја објаснува новата тактика на џихадистите.

ДВ: Дали е првото пропагандно видео на “Исламска држава” на германски јазик?
Михаел Лјудерс: Имаше многу други видео на германски јазик – како тоа на раперот Денис Кусперт. За прв пат, сепак во германските говорни видео има сцена на егзекуција.
ДВ: Што знаете за двајцата борци од видеото?
М Лјудерс: Досега немаме многу информации за двајцата борци. Не ги знаеме и причините . Се надевам силите за безбедност да преземат се што е потребно за откривање на нивниот идентитет.
ДВ: Што ќе кажете за стилот на видеото?
М Лјудерс: Стилот е професионален, како впрочем во сите видеа на “Исламска држава”. Видеото е насочено кон одредена целна група во Европа. И природно е задоена од истиот човеконенаситен дух кој “Исламска држава” го влева во целиот регион.
ДВ: Можеме ли да сметаме дека видеото е нарачано од лидерите на ИД?
М Лјудерс: Ова е интересно прашање, но во оваа фаза, сепак не можеме да одговориме. Ние не знаеме дали некоја група внатре во ИД не дејствувала на своја глава. Или пак упатствата дошле од највисоко место.
Џихадот како “туризам”
ДВ: Видеото ги повикува муслиманите во Германија и Австрија да заминат за Сирија и да се приклучат кон џихадот. Самиот џихад е окарактеризиран како “доделен”, или “туризам”. Кон кого е упатено ова послание?

М Лјудерс: Ова е обид на пропаганден начин, борбата во Сирија да биде претставена како службена екскурзија или како динамичко групно искуство. Видеото се обидува да примами во Сирија млади, духовно лабилна муслимани од Германија и Европа. Слични видеа се дел од пропагандата и начините за врбување, користени од “Исламска држава”.
ДВ: Видеото повикува муслиманите во Германија и Австрија да ги убиваат “неверниците” во германски говорни земји. Како го оценувате овој повик?
М Лјудерс: Повикот сам по себе не е нов. Ново е дека ова за прв пат се прави на германски јазик. Или барем не сме го виделе во таква форма. Очигледно “Исламска држава” се насочува кон германските говорни земји. Тоа е ново, а не начинот на пропагандата.
Германија е несоодветна земја
ДВ: Дали мислите дека “Исламска држава” гледаат доволно потенцијал за врбување на млади луѓе во Германија?
М Лјудерс: Има потенцијал. Но, ако го земеме предвид тоа што од Франција и Белгија неколку илјади луѓе веќе се бореа за ИД а регрутите од Централна Азија и Тунис се околу 5 000 борци, 700-те (според службите) германски џихадисти се незначителна бројка. Ова, се разбира, е прашање на толкување. Ми се чини манифестација на слабост тоа дека ИД стигнала дотаму да врбува луѓе во Германија, која очигледно не е идеално место за врбување на млади џихадисти. Но можеме да го толкуваме ова искуство и на друг начин и да кажеме дека ИД ги користи сите можности со надеж дека ќе најде одек и меѓу младите муслимани во Германија.
Џихадистите од видеото ја потсмевал освен тоа канцеларката Ангела Меркел и се закануваат со одмазда, поради убиените муслимани во Авганистан. Како го оценувате ова?
М Лјудерс: Овие луѓе се свесни дека не можат да и наштетат на германската канцеларка. Но, обидете се со гласни фрази да влијаат на наивните, необразовани и неориентирани муслимани. Некои од нив се импресионираат од пораки од овој вид. Оваа психологија игра суштинска улога во ИД. Но не треба да гледаме на ова послание буквално – во смисла дека е загрозен животот на канцеларката Меркел.
Загрозена ли е Германија?
ДВ: Можеме ли сепак да интерпретира заканите за одмазда како закана против целата германска влада и германската држава?
М Лјудерс: Оваа закана е реакција на тоа дека германската влада ги снабдува со оружје милициите пешмерга во северен Ирак. Можеме да ги прифатиме овие закани и како предупредување. “Ако продолжиш да ги снабдуваш пешмерга со оружје, ние ќе реагираме. На пример ќе инфилтрираме борци во Германија. Можеме да ги маскира,е како бегалци. И ќе се обидеме да ја дестабилизираме Германија”. Тоа е потсвесен контекст на ова видео.