Повикувајќи се на извор, кој побарал анонимност, Bloomberg пријави дека Microsoft ќе инвестира околу 100 милиони долари во Uber Technologies. Uber се проценува во моментов на околу 50 милијарди долари. Компанијата ужива голем интерес од страна на инвеститорите, кои гледаат во нејзината концепција – иднината на транспортните услуги.
Фирмата е основана во 2009 година во Сан Франциско и веќе има присуство во 300 града во вкупно 57 држави, а во меѓувреме влезе во судски и други спорови со традиционалните такси компании.
Microsoft, како и Uber, одбиваат да коментираат за гласините на трансакцијата, за која пишува и The Wall Street Journal. Минатиот месец Microsoft продаде на Uber дел од својот оддел (тим од околу 100 вработени) за развој на пребарувачот Bing.
Двете компании работеа заедно на интеграцијата на Uber во гласовната асистент на Microsoft – Cortana. Според анонимен извор на Bloomberg, ако договорот е факт, тоа ќе биде доказ за планираната долготрајна соработка меѓу двете компании.
