Нискиот и длабок глас се испоставува како главно оружје на политичарите во освојување на гласовите на избирачите.
Како што покажале обидите на научници од САД, човек биолошки е склон да се доверува на кандидати со длабоки гласови независно од користената од нив реторика, се вели во написот објавен во списанието. PLoS One.
“При разговорите за лидерство во современата политика станува збор обично за ривалство во идеолошки план, отколку за физичка супериорност над своите противници. Во длабока древност работите беа прилично инаку – повеќе победи носела силината на лидерите во буквална смисла на овој збор” , вели Кејси Клофстад (Casey Klofstad) од Универзитетот во Мајами (САД) €
Клофстад и неговите колеги појаснуваат дека трагите од таков “спелеолошки инстинкт” и до денес постои во нашата политичка свест. Истражувачите спроведоа необичен експеримент во кој учествувале околу 800 волонтери од различни градови на САД.
Првично научниците се обиделе да ја пресметаат сликата на идеален кандидат на парламентарните или претседателските избори. За таа цел тие подготвиле серија од неколку портрети и лажни биографии на непостоечки политичари на возраст од 30 до 70 години. Потоа ги пуштале овие портрети во парови на монитор, каде волонтерот требало да избере еден од нив.
Како што покажал експериментот, учесниците биле склони да веруваат на мажи на возраст од 40 до 50 години. Тоа ги наведнува научниците на помислата дека причината не е изгледот на политичарот или неговата биографија, туку неговиот глас.
На 40-50 години висината на гласот достигнува максимална длабочина, потоа почнува постепено да опаѓа. Освен тоа, во текот на претходните забелешки за време на избори научниците забележале дека во повеќето натпреварувања најчесто победуваат оние кандидати кои имаат повисок глас.
Предводени од оваа идеја, Клофстад и неговите колеги одлучиле да проверат како волонтерите ќе реагираат на гласот на еден или друг политичар преку изрекување на фразата “гласајте за мене во ноември”. Висината на гласот му била вештачки зголемена или намалена со помош на програма.
Резултатите од ова искуство биле исклучително дескриптивна – за “бас-политичарите” гласале меѓу 60 и 70% од учесниците во експериментот. И што е интересно – тие самите го асоцијацирале длабокиот глас не со возраста, туку со силината на идниот пратеник или неговата надлежност.
Откако го откриле овој феномен, научниците одлучиле да проверат дали има слична врска и во реалноста. За таа цел тие ги анализирале резултатите од изборите за Конгрес на САД во 2012 година и го споредувале бројот на гласовите и шансите за победа со тоа колку длабок бил гласот на кандидатите-конгресмените.
Како што покажала анализата слична врска навистина постои – републиканците и демократите со ниски гласови победуваат во просек почесто од кандидатите со висока боја.
“Често мислиме дека човекот се јавува како целосно рационално суштество. Нашето истражување покажа дека ние често донесуваме одлуки под дејство на речиси незабележителни за нас сигнали кои не ги сфаќамеме и не ги гледаме”, заклучува Клофстад, цитиран од РИА Новости.
