Алсат-М: Командант Малишева се обидел да се самоубие со солна киселина?

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Еден од лидерите на кумановската група, Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева, се обидел да се самоубие во притвор, дознава Алсат-М од неофицијални извори.

208385

– Според засега непотврдените информации обидот го сторил со пиење солна киселина. Информациите кои дојдоа до нас говорат дека сепак во одреден момент бил спречен во намерата. Наводно испил дел од течноста, но бил спасен. Каква е неговата здравствена состојба, но и кои биле мотивите, немаме ниту непотврдени информации – пишува Алсат -М.

Овој случај доаѓа во период кога осомничените припадници на „Кумановската група“ даваат изјави пред надлежниот Јавен обвинител, известува телевизијата. Според извори блиски до приведените, тие имале чувство на несигурност, а барале и изјавите кои ќе ги дадат пред надлежен јавен обвинител да бидат дадени во камера, односно снимени со видео запис.

Пред само неколку дена нивните адвокати се жалеа дека спротивно на законот за кривична постапка, нивните клиенти не добиле увид во доказите против нив пред да ги дадат изјавите. Од Јавното обвинителство денеска велат ќе им ги дадат доказите, но откако ќе бидат комплетирани.

Фото: Алсат-М