Куче кокер шпаниел стана херој во Италија, откако ја спаси својата газдарица од сексуално насилство.
37-годишната жена била во парк во Милано со нејзиниот домашен миленик, кога била нападната од позади од маж кој ја зграпчи и ја стискал за грлото. Кучето на моментот се фрлило да ја заштити, каде цврсто го изгризал напаѓачот по раката и ногата, раскажуваат медиуми.
Мажот ја пуштил и побегнал. Малку подоцна полицијата запленила 21-годишен маж од Шри Ланка, кој седел на клупата и се обидувал да се погрижи за раните на нозе и раката. Жената била одведена во болница во шок, а миленичето било прогласно за херој од медиумите во Италија.
