Москва: Да не го користиме Советот за безбедност како алатка за пропаганда

од desk3
91 прегледи

Во последно време Русија го следи стремежот кон претворање на Советот за безбедност на ОН во алатка за пропаганда.

430x330

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров на прес-конференција со неговиот колега од Саудиска Арабија Адел ал Жубер во Москва, цитиран од руските медиуми.

Идеи на Велика Британија и Франција за ограничување или укинување на правото на вето во Советот за безбедност на ОН во некои случаи не носат сериозна перспектива, истакна Лавров.

Што се однесува до идејата за ограничување или укинување на правото на вето во Советот за безбедност на ОН, таа не се покренува за прв пат. Тоа нема сериозна перспектива. Правото на вето е заштитено безусловно во Повелбата на ОН и секој којја ратификуваше Повелбата треба да ја почитува оваа обврска, истакна тој.

Русија е загрижена , од обидите за претворање на Советот за безбедност на ОН во алатка за пумпање на конфронтација и пропаганда, Москва е цврсто против тоа.

Во 2013 година, францускиот претседател Франсоа Оланд излезе со предлог за ограничување на правото на вето. Идејата на Франција не подразбира внесување на официјални измени во Повелбата на ОН, туку вклучува активирање на посебна постапка.

Москва е против секакви измени на постапките за користење на вето.

Лавров коментираше и други теми.

Тој изјави дека Русија и Саудиска Арабија консолидираат напорите за борба со општата закана, која претставува “Исламска држава” и терористичките организации, кои се непосредна закана за двете држави.

Лавров потсети дека рускиот претседател Владимир Путин излезе со идеја за создавање на меѓународна коалиција за борба со исламистите, нагласувајќи дека има раздвижување на прашањето како да се координираат меѓународните напори против “Исламска држава”.

Рускиот министер за надворешни работи откри дека Москва и Ријад се усогласиле практични чекори за подготовка на оптимални услови за продолжување на преговорите меѓу Дамаск и целата сириска опозиција под покровителство на специјалниот амбасадор на ОН.

Според него во блиска време Русија не планира спроведување на голема средба на сириската опозиција во Москва.

Сеуште имаме некои несогласувања во однос на сириската криза, но имаме заедничка визија за Женевските принципи, додаде тој.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија рече од своја страна дека позицијата на Ријад во однос на Сирија не е променета и дека нема место за сирискиот претседател Башар Асад во иднината на земјата.

Лавров истакна дека Русија продолжува да инсистира на стабилност во Сирија и иднината на земјата да биде дефинитивно од самиот сириски народ.

Претседателот на Сирија Башар Асад не претставува никаква закана за регионот во споредба со терористите од “Исламска држава”, појасни тој.

Според него односите меѓу Москва и Ријад во последно време значително се засилија и се забележува тесна соработка во различни области.

Адел ал Жубер рече дека Саудиска Арабија ја разгледува можноста за купување на руски комплекси “Искандер”.