Штом Русите се сетат за Иран, настапува интроспекција. Некои се однесуваат позитивно кон иранскиот систем, други го презираат, но откако неодамна склучи договор за ограничување на иранското нуклеарно производство во замена за укинување на економските санкции и зголемени трговски контакти со надворешниот свет, многумина Руси, вознемирени од постојано растечкото претворање на нивната земја во меѓународен ѓавол, почнуваат да се прашуваат: “Ние ли сме новиот Иран?”
На странците ова може да звучи чудно, сепак не е којзнае колку пресилно. Многумина Руси, како во Кремљ, така и надвор од него, се воодушевуваат од начинот на кој Иранците приоѓаат на непријателско расположение во светот. Тие ја почитуваат решителноста на земјата да ја развива својата нуклеарна енергија, независно од поголемото противење во светот. А цврстината на Техеран кон тешките економски санкции најде одек кај претседателот Владимир Путин и неговите поддржувачи, кои успешно ги претставија западните санкции поради активностите на Москва во Крим и Украина, како напад над светата татковина.
Многумина Руси во голема мера се чувствуваат на ист начин како Иранците кога нивната земја беше погодена од санкции пред неколку години: предизвикувачки и подготвени да докажат дека никакви санкции не можат да им делуваат. Путин и неговите следбеници неуморно изјавуваат дека Русија ќе даде отпор на Западот и ќе цвета со сопствени сили.
Истовремено сепак Русија одигра важна улога при преговарањето на договорот со Иран, ја подели водечката улога на Американците. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше еден од главните гласови меѓу претставниците на коалицијата од шест држави и никогаш не допушти конфликтот меѓу САД и Русија поради украинската криза и други проблеми да ги попречат преговорите со Иран.
Можеби претседателот Обама го зеде ова на ум кога оддаде признание на придонесот на Москва за иранскиот договор. Зборувајќи за тензиите меѓу Вашингтон и Москва, Обама изјави во интервју по склучувањето на договорот во Виена дека “Путин и руската влада ги разделија проблемите на начин кој ме изненади.” И додаде: “Немаше да го постигнеме овој договор, ако не беше подготвеноста на Русија да стои на наша страна.”
Сега, кога Иран се отвора сепак, Русија едноставно нема да е доволно конкурентна со Западот за доставување на потрошувачки стоки и технологии кои би ги сакала една ослободена од санкции земја. Всушност нуклеарниот договор ќе ја зајакне политичката изолација на Русија и ќе и наштети на нејзината економија, која веќе страда од остриот пад на цените на нафтата, девалвација на рубљата и влијанијата на западните санкции.
Инвеститорите кои се плашат од отворениот пристап на Кремљ кон договорите, претпочитаат да бараат можности на друго место. А многу од најталентираните луѓе во земјата, збунети од диктаторскиот пристап кон управувањето, си ја бараат среќата во странство.
Во тоа време високи делегации од Германија, Франција, Италија и други европски земји со десетици претставници на корпоративните средини почнаа да го посетуваат Иран. “Само во последните две недели одобривме проекти на европски компании во Иран за над 2 милијарди долари”, рече минатиот месец заменик-министерот за економија Мохамад Хазај, цитиран од Ројтерс.
Иранските државни претставници се надеваат на обновен пристап до потрошувачки стоки и планираат широко реновирање на застарена инфраструктура на земјата. Застапници на тврдата линија може и да сакаат нуклеарна бомба, но лидерите кои зедоа надмоќ, сакаат граѓаните да имаат нова облека и додатоци, автомобили и авиони. Техеран веќе најави дека планира да купи до 90 авиони годишно од Боинг и Ербас штом бидат укинати санкциите. Ако коцкарскиот потег на Обама за ново отворање на Иран функционира, иранските и западните интереси може да се спојат.
Русија сигурно може да се натпреварува со Западот во енергетскиот сектор, како и во трговијата на оружје (иако ембаргото на ОН над оружената продажба за Иран нема да биде целосно укинат уште пет години). Таа сепак продолжува да се соочува со тежок парадокс. Додека иранската бизнис клима се засилува, руската ќе слабее. Откажувањето на санкциите над едната страна дополнително ќе го комплицираат економските услови во другата.
Некои меѓународни компании, вклучувајќи ги истите производители на автомобили и техника кои сега покажуваат интерес кон Иран, почнуваат да ја напуштаат Русија и може да бидат следени од други. Западните инвеститори кои се загрижени што ги чека во Русија, се обидоа да се борат за повеќе профитабилни зделки во Иран.
Путин го поддржа иранскиот договор, бидејќи сфатил дека со расипувањето на преговорите чиј успех беше посакуван и од Иран, така и од Западот, само требаше да се продлабочи руската изолација. Можеби исто така сфатил дека премногу често е сам на светската сцена. Агресијата на Русија над нејзините соседи, воените и игри на нерви со НАТО и често пати комичното удирање во градите го подготвуваат да го заземе местото на Махмуд Ахмадинеџад во светот.
Путин најверојатно сфатил дека треба да го поддржи иранскиот договор, за да остане во игра. Затоа тој неодамна предложи план за “обединет фронт” во борбата против терористите од “Исламска држава” во Ирак и Сирија. Иако е малку веројатно овој план да се случи, бидејќи фронтот би вклучувал сили, лојални на сирискиот претседател Башар Асад, реалната цел на Путин беше да се претстави како важен и ангажиран светски лидер.
Далеку поважно , Русите, сепак е како и под кои услови земјата ќе остане во играта. Денес изгледа како гордо и несовесно се упатиле кон местото што Иран брза да се ослободи.
