ДУИ реферираше пред новиот албански амбасадор: Специјален обвинител до крајот на август

од desk3
130 прегледи

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, со кого разговарале за политичките случувања во земјата, односите меѓу Скопје и Тирана, евроатканската интеграција, Охридскиот договор и етничките односи и ситуацијата во Тетово по поплавите.

IMG_8016-540x405

Ахмети му посакал успех и здравје во извршувањето на задачите на Река, и ветил тесна соработка на сите структури на ДУИ со Албанската амбасада.
„Претседателот на ДУИ Ахмети го запозна амбасадорот околу политичкиот дијалог кој се развива меѓу четирите најголеми партии во земјата, со меѓународно посредство. Состаноците на работните групи треба да продолжат во понеделник, додека ДУИ ги информираше страните околу партиските позиции во врска со прашања поврзани со изборите, како и специјален обвинител. ДУИ се надева дека партиите ќе постигнат договор за овие две прашања до крајот на август за да се усвојат консензуално во парламентот по враќањето на опозицијата во почетокот на септември“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Ахмети истакнал дека Тирана и Скопје треба да работат поинтензивно кон усогласување и спроведување на билатералните договори, бидејќи тоа претставува заеднички интерес на нашите граѓани.

Амбасадорот Река нагласил дека Албанија силно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и во Европската Унија како и целосната имплементација на Охридскиот договор како предуслов за добри меѓуетнички односи во земјата.