Западните медиуми не сакаат да ги разберат изворите на конфликтот и историјата на земјата, тие манипулираат со јавното мислење кај прикажувањето што се случува во Украина, изјави за агенцијата Sputnik францускиот пратеник во Европарламентот Жан-Лук Шафхаузер.

“Во случајот со Украина медиумите не сакаат да ја разберат историјата на земјата.Стратегијата на властите и нивните вистински намери се кријат од средствата за јавно информирање, кои манипулираат со јавното мислење, како што беше во случајот со “обоените револуции” – изјавил Шафхаузер. Пратеникот истакнал дека Западот се наоѓа под контрола на САД и тоа потсетува на манипулација на свеста .Сличен феномен се набљудуваше во Белград, кога медиумите соопштуваа за план за масовни егзекуции; во Сирија, кога соопштуваа за хемиско оружје, а исто така и во Ирак, за обвинувања во создавање на оружје за масовно уништување и азил на “Ал Каеда”, потсетува Шафхаузер.