Рускиот премиер Медведев потона во сенката на Путин. Стана безгласно буква и се држи повеќе праведно од сите во путиновиот тим. Ако има амбиции, темелно ги крие. Тоа не е случајно, смета во својот коментар Олег Кашин.

Објасниво е кога уште рестриктивната мерка на руската власт доаѓа директно од Владимир Путин или од обезличената средина на пратениците од Државната дума. Ултраконзервативниот пресврт во руската политика во последните години е поврзан непосредно со името на Путин. А пратениците се сместени во Државната дума, за да го задржат. Уште полошо е сепак, кога улогата на ограничувач на уште слобода, ја презема Дмитриј Медведев. Се сеќаваме на Медведев како добродушен претседател – модернизатор, како приврзаник на социјалните мрежи и модерните трендови. Затоа кога некоја непопуларна иницијатива излегува од неговата влада, добиваме чувство дека Медведев си штети сам себе. Нели токму тој велеше дека слободата е подобра од неслободата. А сега сам ја подмачкува оваа слобода. Профилот на рускиот премиер на Фејсбук – последниот артефакт од модернизаторските времиња – сега е исполнет со сосема либерални слогани за замена на странскиот увоз со стоки од руско производство и критики кон Украина. Луѓето кои се поврзани името на Медведев со надеж за реформи , сега едноставно доживуваат непријатности да се сеќаваат на тоа време. Беше Медведев – го нема Медведев.
Без сопствена политичка тежина
Денес руската власт е толку централизирана во Путин што е наивно да се зборува за било какви самостојни одлуки на премиерот. Актуелниот руски премиер е безгласна буква и Медведев нема никаква сопствена политичка тежина. Ако пак има, тоа најверојатно темелно ја прикрива. Веќе се смета за лош тон да се зборува за неодамнешната оставка на премиерот. Гласините за неговата оставка се носат уште од неговата инаугурација, но тој не ја мавта, продолжува да работи и колку повеќе се приближуваат наредните избори во Русија, толку помала станува веројатноста да биде сменет. Секој нов човек на местото на Медведев, било да е тоа Кудрин или Шојгу, автоматски ќе биде прифатен како речиси сигурен наследник на Владимир Путин. А од тоа ќе произлезе алтернативен центар на власта, нездраво расположение во различни кругови, конфликти и нестабилност. Па затоа е подобро Медведев да остане премиер. Белег на Медведев за годините на неговото управување остануваат речиси веселиот јавен имиџ и демонстративно повлекување од претходните амбиции. Никој не го гледа сериозно, тој не го попречува никому и затоа неговата оставка е малку веројатна.
Медведев – втор Хрушчов?
Официјалната хиерархија во руската власт едвај се совпаѓа со реалната поделба на улогите во Кремљ и владата. Ако се верува на руските медиуми, највлијателен политичар по Путин е Дмитриј Песков, што едвај одговара на вистината. Кој влегува во тесниот круг околу Владимир Путин? На кого ќе се обложи тој, кога и ако одлучи безболно да се повлече од власта? Името на Дмитриј Медведев е последното што ќе изникне во главите на просечните политимози. Во тоа можеби се крие и главната политичка тајна на рускиот премиер.
Можеби споредбата не е сосема точна, но меѓу редицата омразени соборци на Сталин, кои располагале со огромен репресивен и административен ресурс, со години стои личноста на Никита Хрушчов. За него, биографијата пишуваат дека Сталин го терал да му игра казачок. Закономерно е дека повеќето несериозни соработници на Сталин стануваат диктатори. Оние кои минуваат за силни и сериозни, речиси секогаш ризикуваат и губат во затворениот круг на “колективното раководство”. И кога ќе почнат да се расправии за власта, на сцената излегува оној кој играл казачок или кротко се насмевнал. Да не те земат сериозно е најголемата можна предност. Ако Медведев беше останал верен на себе, беше продолжил да зборува за модернизација и да се противи на конзервативците, неговата кариера одамна ќе беше завршена. Денес тој држи повеќе примери од сите во тимот на Путин.
Состојбата на власта во Русија е таква што најмногу ризикуваат оние кои не ги кријат своите амбиции. Самата околност дека денес режимот на Путин може сериозно да се опише како повторување на сталинистичкиот традиции на апаратчиците е лоша дијагноза за руската власт. Византијството како политичка филозофија отсекогаш била карактеристична црта за жителите на средновековната тврдина, од која се управува Русија. Не смееме сепак да заборавиме дека Византија одамна падна и никакви традиции на апаратното интригантство не успеаја да ја спасат.
Олег Кашин е независен новинар кој работел за весниците “Коммерсант” и “Известија”, бил и член на Координативниот совет на руската опозиција.