Во што се состои неразбирањето на Западот за Русија

од desk3
79 прегледи

 

Во познатата “Долга телеграма” на дипломатот Џорџ Кенан во 1946 година, со која беше положена основата на американската политика на воздржување на Советскиот Сојуз, тогашниот советски лидер Јосиф Сталин се споменуваше само три пати, иако управуваше СССР како император.

1396380700880
Седумдесет години подоцна името на сегашниот наследник на Сталин – рускиот претседател Владимир Путин – присуствува речиси на секоја страница на множеството дипломатски и други документи во кои се прават обиди да се разбере начинот на размислување кое го движи стратешкото однесување на Русија.

Се смета дека да се разбере Путин значи да се разбере Русија, но дали тоа е сосема правилно? Во Студената војна Американците беа подготвени да го разгледуваат процесот на донесување одлуки во СССР како црна кутија: знаеш што влегува, знаеш што излегува, но немаш поим што се случува внатре. На овој начин се сметаше дека советската политика е истовремено мистериозна и стратешка. Речиси немаше место за личности и лична филозофија, единствениот начин беше да се разбере системот, забележува Иван Крстев, кој раководи со Центарот за либерални стратегии во Софија.

Според поранешниот советник на Путин – Глеб Павловскиј, во денешно време Кремљ сеуште е загадочен, но веќе не е стратешки. Павловскиј смета дека политиката на руската влада функционира како музиката на џез група – континуираната импровизација е обид да се преживее уште една криза.

Наназад на популарнатамудрост Павловскиј инсистира дека откако ја презеде лична одговорност за анексија на Крим и ја доби поддршката од над 80 проценти од населението, Путин изгуби интерес во секојдневното одлучување. Според Павловскиј, чие мислење Крастев го смета за авторитативно, министрите поминуваат часови пред кабинетот на Путин, чекајќи да добијат налози, но претседателот не дава наредби, туку само слуша. Денес Кремљ се управува не од волјата на Путин, туку од неговата двосмисленост, како резултат на што се изострија борбите меѓу различните фракции во власта .

Крастев наведува дека Павловскиј не ја гледа денешна Русија ниту како идеолошки воин, кој се стреми да го промени светскиот поредок, ниту како напорен реалист кој очајно ја брани својата сфера на влијание. Она што го движи однесувањето на руската власт при управувањето на Путин, не е некоја голема стратегија, туку одбраната на неговото право да ги крши меѓународните правила. Всушност разбирањето на Кремљ за тоа да бидеш голема сила се состои во тоа да се кршат правилата, без да бидеш казнет.

Според Павловскиј Русија е управувано од внатрешна слабост – недостаток на визија за нејзиното постоење по Путин. Лишени од визија за иднината, руските елити се во искушение од конспиративни теории и апокалиптични проценки. Според писателот Александар Проханов елитите знаат дека ако се обидат да направат нова перестројка, ќе пропаднат, затоа подобро да се предизвика нова светска војна, отколку да се прави обид за спречување на намерите на Путин.

Кога се чита издадената оваа година книга на Павловскиј- “Системот на Руската Федерација”, човек сфаќа дека токму тоа размислување за “крајот на светот” меѓу руските елити отсуствува од западните анализи за денешна Русија, забележува Крастев. Според Павловскиј, кој во својата книга ги критикува проценките Западот за Путинова Русија, клучот за разбирање на стратешкото однесување на Москва и на внатрешната логика на режимот на Путин не се геополитичките интереси или вредности, туку искуството на катастрофалното уривање на СССР.

Кремљ е полн не само со преживеани од постсоветската транзиција, туку со луѓе кои постојано се расположени за опстанок во вонредни ситуации, кои мислат од гледна точка на најлошите сценарија ,кои сметаат дека следното катастрофа е само зад аголот, кои живеат од кризите и кои се зависници од вонредни ситуации и политиката без правила.

Токму оваа комплексна и непредвидлива ситуација – а не само поврат на Путин – е клучот за разбирање на современата руска политика.