Пентагон стравува дека не е подготвен за војна со Путин, пишува dailybeast.
Серија од спроведени класифицирани вежби во лето то ги зголемуваат стравувањата во военото министерство на САД дека американските сили не се подготвени за вистинска воена кампања против Русија, најавија двајца воени претставници пред медиумите.
Многумина војници во САД веруваат дека континуираната веќе 15 годиона борба против тероризмот влијаела лошо на подготвеноста на американската армија при евентуално спротивставување со Русија, ако Москва нападне земја членка на НАТО, дополнуваат изворите.
Вежбите откриваат предизвици како недостаток на доволно муниција за прецизно уништување и исто така ќе биде тешко одржувањето на големи војски во Европа.
Можеме ли да ги победиме Русите при битка. Се разбира, но тоа ќе ни одземе сè, рече еден извор, додавајќи: “Она што велиме е дека не сме подготвени како што сакаме”.
Една од класифицираните воени игри “ни кажува дека војните во Ирак и Авганистан ги истрошија нашите можностите “, рече вториот извор. истражувањето за ова прашање е предводено од Министерството за одбрана и во него учествувале неколку други федерални агенции.
Во последниве месеци топ офицери почнаа да ја дефинираат Русија како “егзистенцијална закана” за САД.
САД признаваат дека Москва има кон 4 илјади нуклеарни оружја, третиот најголем буџет за одбрана во светот и лидер кој не се плаши од војна.
Војна меѓу Русија и НАТО е малку веројатно сценарио со оглед на тешките последици со кои Русија може да се соочи, рече претставник на разузнавањето.
Американците признаваат дека не се подготвени за подолг воен конфликт со голема светска сила како Русија.
