Counter Punch: Специјалци од САД подготвуваат украински војници за ескалација на конфликтот во Донбас

од desk3
94 прегледи

Американски и британски специјалци активно подготвуваат украински војници за ескалација на воените дејствија, пишува американскиот публицист Стивен Лендман во Counter Punch. Киев успеа да ја наруши секоја точка на Минските договори, додава тој. Украинските војници секојдневно бомбардираат на териториите на ДНР и на ЛНР, вклучувајќи и врз станбени згради и станбени населби.

20150816.vuryfhdiid

Активностите на властите во Киев покажуваат дека тие се стремат да ги продолжат активни борбени дејствија во Донбас. Тие одобриле дополнителни трошоци од $ 250 милиони за зголемување на воениот потенцијал во Донбас, без разлика што економијата на земјата е на границата на колапс.

Во рамките на подготовките за ескалација на војната е и подготовката на армијата и Националната гарда од странски инструктори. Министерот за одбрана на Велика Британија Мајкл Фелон изјави дека неговата земја кон крајот на годината ќе го удвои бројот на учесниците за нејзините инструктори . Обуката е сложена и се подготовува на Националната гарда, која е значително помотивирана од редовната армија.

Лендман е категоричен дека Киев со помош на САД и Велика Британија ги подготвуваат своите вооружени сили за големата агресија во секој момент. Процените се кампањата да заврши до доаѓањето на доцна есен, кога земјата во Донбас се разкалува и тешката борбена техника тоне.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, денеска ја оцени ситуацијата во источниот дел на Украина како „експлозивна“ и побара од сите инволвирани страни во конфликтот да започнат разговори со цел да се спречи ескалација на насилството.

Тој истакна дека во разговорите со својот украински и руски колега предложил Киев и претставници на проруските сили веднаш да седнат на преговарачка маса со претставници на ОБСЕ и да се намалат тензиите.

– Ситуацијата во источниот дел на Украина е експлозивна. Многу работи се ставени на коцка. Доколку двете страни во конфликтот не се вратат на мировниот процес, во секој момент би можело да се поттикне ново ескалирање на насилството, нагласи шефот на германската дипломатија.

Мировниот договор потпишан во февруари во Минск го намали, но не му стави крај на насилството во Украина, а Киев и проруските сили минатата недела меѓусебно се обвинуваа поради непочитување на договорот за прекин на огнот.