Кој ќе ја остави зад себе гордоста од силна валута и ја девалвира, создава предности за извоз. Кога сепак сите го прават тоа, војната на валутите брзо може да прерасне во комерцијална војна. Тоа е опасно, пишува DW.
Еве што повторно се појави лош збор – “војна на валутите”. Овој концепт нè враќа кон една мрачна страна во светската економија, кон времето на Големата депресија во Америка во почетокот на 1930 година. Годините најважни за трговски нации кога намерно ги девалвираа валутите , за да се заштитат од американскиот вирус. Им требаше стоките да станат поевтини за да се продаваат подобро во странство. И бидејќи секој мислеше само за себе, девалвацијата и други фактори неизбежно доведе до најголемата глобална економска криза. Последиците од неа се познати. Во денешната обврзана светска економија слична себичност не води никаде. Барем по крахот на “Леман брадерс”, кога финансиските пазари се разтресоа, најголемите економски нации се собраа и се обидоа заедно да го спречат најлошото. За жал, од поранешната соработка на “кризната пожарна команда” под името Г20 не остана речиси ништо. Денес повторно секој се бори само за себе.
Избрзани прогнози
Сепак секој е склон избрзано да зборува за валутна војна. Како што се случи минатата недела, кога кинеската емисиона банка на два пати го девалвира кинескиот јуан. Ова сепак не е новина. И се повторува редовно. Така беше во есента 2010 година, кога министерот за финансии на Бразил предупреди за опасноста од војна на валутите, се разбира под други околности. Своевремено бразилската валута губеше од вредноста во однос на доларот и предупредувањето беше упатено кон Федералните резерви на САД, кој вештачки ги поддржуваше ниски вредности на доларот, за да го промовира извозот на американските компании. Така се случи и две години подоцна, кога Јапонија го преплавија пазарот со јени и на тој начин ја ослабна валутата. А најсвеж пример е ЕЦБ. Гигантската нејзина програма за откуп на државни обврзници имаше за цел да ја поттикне инфлацијата. А тоа може да се случи најдобро со ослабена валута. И ете еврото во меѓувреме е далеку од некогашните највисоките вредности. Целта беше постигната, а жртвата во овој случај беше Швајцарија со нејзиниот силен франк.
Во вкупниот ќуп секогаш некој страда
Старите луѓе велат: “Не си играј со камења кога си во продавница за стакло !” Така се случува кога сите се обидуваат со ист рецепт да ја придвижат економијата. Имено – со олабави монетарната политика- се преплавија пазарите со пари и се држи каматата околу нулата. Кога сепак сите се обложуваат на девалвацијата, саканиот ефект испарува за кратко време. Тогаш се преземаат други мерки и херметички се затвораат пазари. На овој начин војната на валутите брзо може да се претвори во трговска војна. Тоа е како дрога. Кога подложени зависниците (во овој случај народните стопанства) на терапија (читај: Прегледи за кревање на каматата), почнуваат со болките. Најважните актери, на пример Г20 треба да најдат заеднички пат и да ги координираат политичките мерки во монетарната политика. Бидејќи никој не може да победи во сегашната трка, наскоро се подготвува теренот за нова светска финансиска криза. Ништо ли не научи светот по “Леман брадерс”?
