Во провинцијата Пенџаб на Пакистан беше извршен терористички акт, соопшти локалниот весник Dawn, повикувајќи се на официјално соопштение на полицијата.
Во експлозијата загинаа 11 лица и министерот за внатрешни работи на покраината Шујај- Кханзада. Бомбашот-самоубиец се качил во зградата каде што се спроведувал состанок на офицери од безбедноста, предводено од министерот. Во тој момент во внатрешноста на зградата имало меѓу 20 и 30 лица, загинатите се 12.
Одговорноста за нападот ја презеде една од големите во земјата сунитска радикална група – “Лашкар-е Џангви”. Според испратено до медиумите соопштение, целта на групата е Пакистан да стане сунитска држава, а шиитите да бидат уништени, бидејќи не се муслимани.
