Активистите од движењето “Одеса за порто-франко” кренаа во градот своевиден споменик на новиот гувернер Михаил Саакашвили. Во композицијата, што е симболична, се две фигури – на гувернерот и на претседателот на САД, објавија lifenews.ru. Саакашвили е полунаведен и си ја џвака вратоврската, а од панталоните му излегува метла, додека Обама го задржи на поводник.
Скандалозниот шеговит споменик крај Воронцовската колонада сепак имаше краток живот. Минувачка повикала милиционери и стражарите на редот брзо го демонтирале објектот.
Активистите од “Одеса за порто-франко” објаснуваат дека споменикот ги одразува според нив односите на Саакашвили со САД. А метлата е потсетник за извршените од него репресии во Грузија. Претставници на движењето додаваат дека гувернерот нема да постигне ништо со репресиите кои започнаа и во Одеса, и тие ќе најдат начин да го испратат кон оставка.