Претседателката на Р. Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, во хрватската и пошироката јавност прави напори да се наметне како априори неприкосновен национален лидер. Се обидува да создаде слика дека е потребна насекаде, дека без нејзе неможе и несмее ништо да се случи, притоа лови риби, изведува градежни работи, вози комбајн, управува со траект….. и што уште не. Женава е хиперактива.
Поради нејзината постојана присутност во медиумите и карактерот на нејзините пораки, критичарите велат дека до бескрај ја ЕСТРАДИЗИРАЛА претседателската функција и се претворила во СЕВЕРИНА од ПАНТОВЧАК.
А што да кажеме ние граѓаните на Р. Македонија за нашиот претседател Иванов кој е чиста спротивност на хрватската претседателка!?.
Нашиов освен на берење калинки и некои протоколарни приеми не го видовме на друго место. Човеков не само што нема тон, туку и ,,сликата” ја изгуби. Најголем дел од нас доби впечаток дека сака нешто да каже, но не смее да рече….

Кешки и ние да имавме некој кој ќе ја естрадираше нашава претседателска функција како онаа во Хрватска. Не мораше тоа да биде Северина, еве на пример нека беше дури и СИНАТРА од ВОДНО.
.
Joве Кекеновски фб статус

