Пентагон објави војна на воените известувачи

од desk3
75 прегледи

 

Политика – Белград

Во новиот прирачник на Министерството за одбрана на САД се вели дека известувањето за воените операции може да биде многу слично на собирање на разузнавачки податоци и шпионирање.

article-0-0D92267A00000578-697_468x286

Прирачникот предвидува новинарите наместо како цивили да можат да бидат означени како непривилегирани припадници на завоената страна.

Њујорк тајмс најостро ги осуди плановите на Пентагон, известувачите од фронтот во иднина, во извесни прилики, да ги третира како учесници во војна, шпионите и борците на нерегуларните војски, оценувајќи дека е посреди обид владата да ја цензурира работата на медиумите и уште повеќе да го отежне известувањето од зоната на судирот. Јасна е работата дека новинарите се цивили и дека владите така треба кон нив и да се однесуваат, но новиот прирачник на Министерството за одбрана на САД ја посоветува војската во извесни случаи кон репортерите да се однесува како кон шпионите и борците на нерегуларните војски (како Исламската држава или Ал Каеда на кои не се гарантираат правата како на регуларните војници). Реакцијата на листата од Менхетен е сосема разбирлива бидејќи американските медиуми сега се соочуваат со опасни можности владата да ги прогласи за шпиони и соработници со непријателот, ако од боиштата се праќаат извештаи кои нема да му се допаднат на Вашингтон. Њујорк тајмс правилно заклучи дека на повидок е цензура бидејќи Пентагон вели дека во иднина како непријателски чин ќе ги смета новинските извештаи за кои војската ќе оцени дека помогнале на непријателот.

Министерството за одбрана упатува на тоа дека известувањето за воените операции може да биде многу слично на собирање на разузнавачки податоци и шпионирање, ги повикува медиумите да работат со дозвола на власта и порачува на владите во светот дека можеби ќе мораат да ги цензурираат новинарите, за да не ги откријат тајните на непријателот.

Весникот забележува и меѓународни импликации и последниот авторитарен режим кон седмата сила ќе може да се однесува на деспотски начин, повикувајќи се на препораките на Владата на САД. Она што се крие зад упатствата на Мин. за одбрана е настојувањето на владата што поголем број на воени репортери да ги приклучи на своите борбени единици (тие известувачи се нарекуваат embedded, приклучени на војската), бидејќи тогаш ќе ги направат зависни од информациите кои им ги дава Пентагон, за разлика од известувачите кои самостојно одат на боишта и собираат информации кои не одат секогаш на рака на САД.

Една од најлошите епизоди на новинарството е забележана во текот на инвазијата на Ирак 2003 година, кога медиумски работници, потпирајќи се само на официјални податоци на Вашингтон, лажно пренесувале дека Садам Хусеин има оружје за масовно уништување или кога како приклучени го прикажувале нападот на Багдад само од перспектива на американската војска, речиси без наведување на страдањата на ирачките цивили.

Јавувањето од Ирак било драстично поинакво од јавувањето од Виетнам каде приклучените се уште не постоеле и кога медиумите ја одиграле клучната улога во пресвртот на американската јавност против војната, а новинарот Симор Хершоткрио за масакрот во Мај Лају. Военото новинарство и без нови упатства на Пентагон е доволно тешко, според податоците на Комитетот за заштита на новинарите, 59 отсто новинари кои настрадале лани работејќи ја својата работа, биле убиени додека известувале од боишта (вкупно загинале 61 новинар).

Њујорк тајмс предупредува дека јавувањето од таквите зони сега ќе биде уште потешко бидејќи новинарите ќе бидат принудени илегално да ја преминуваат границата, како што правеле во Сирија и Либија, или сами себе да се цензурираат од страв да не им се случи тоа што им се случило на новинарите кои актуелната египетска влада ги уапсила како ги шпионираат и припадниците на Муслиманските браќа. Американските новинари веќе немаат пристап во Сирија бидејќи за редакциите е преголем ризик своите известувачи да ги праќаат на боиште на кое Исламската држава едвај чека да фати западни новинари.

Сепак најцинично во новиот воен пристап на медиумите е објаснувањето кое еден претставник го понудли од листата на Менхетен како одговор на прашањето зошто новинар понекогаш може да биде изедначен со нерегуларен припадник на завоена страна. Тој претставник наведе пример на милитанти кои во 2001 година, преправени во ТВ екипа и со експлозив скриен во камерата, убиле еден авганистански командант. Значи, цензурата се оправдува со делување на убијци, кои да повториме, не биле вистински новинари.

Ја фалат вредно што угледни њујоршки весници го свртеле вниманието на отежнувањето на положбата на новинарите, но мора да забележиме дека истовремено пропуштиле да наведат дека американската војска кон медиумите веќе се однела како кон завојувана страна, при бомбардирањето на Србија во 1999 година и инвазијата на Авганистан во 2001, како и Ирак во 2003 година. Американските бомбардери ги гаѓале редакциите на Ал Џезира во Кабул и Багдад (настрадал еден новинар). Во бомбардирањето на Радио-телевизија на Србија животот го загубиле 16 работници, а НАТО и американскиот генерал Весли Кларк тврдеа дека српската телевизија била легитимна цел. Амнести интернешенал беше значајна светска организација која тој настан го нарече воен злостор. /МИА