Успешните мажи лидери се со пошироки лица од просечните претставници на посилниот пол, тврдат научници од колеџот Ролинс во Флорида, цитирани “Дејли телеграф”.
Широките лица им даваат на мажите доминантен и амбициозен вид. Тие изгледаат по моќни и со подобри квалитети за раководители.
“Односот на широчината кон висината на лицето одговара на реалните карактеристики за агресивно и амбициозно однесување и е поврзано со психолошкото чувство за власт”, тврди авторот на студијата Марк Фечерин. “Затоа е можно такви црти да се предвидат во лидерски податоци”.
Научниците од Универзитетот во Сасекс исто добија слични резултати кога ги анализираа лицата на шефовите на водечките компании.
Друго истражување на тим од Корнелскиот универзитет покажа дека волонтерите можат да разликуваат осудување само по формата на лицето и цртите.
