Германскиот производител на речници Langenscheidt веќе седум години избира т.н. “Младински збор на годината” (“Jugendwort”). Годишно младите во Германија го нудат и избираат онлајн соодветниот победник, раскажува Politico Europe.
Гласањето тече во моментов и новиот збор на годината ќе биде избрана од триесет нови лексички засилувања во германскиот јазик.
Најголема предност во моментов има глаголот “меркелн” (“merkeln”).
Името на федералниот канцелар Ангела Меркел е употребено за глаголот и тоа во никако не ласкава смисла. “Mеркелн” во речникот на младите Германци значи да бидеш способен да донесува одлуки или да даваш мислење. Се користи за да се опише однесувањето на човекот кој стои и не прави ништо.
Гласањето ќе трае до крајот на месец октомври, кога специјално избрано жири ќе ги избере десетте најпопуларни зборови, зборот на годината и топ 5-те во новиот германски речник.
