За прв пат во историјата на Саудиска Арабија жените ќе можат да гласаат на претстојните во август локални избори и да бидат назначувани во Советодавното собрание на земјата.
Советодавното собрание е формален орган со 150 члена назначени од кралот, кој има ограничени функции во организацијата на апсолутната монархија. Собранието може, на пример, само да предлага закони на кралот и на кабинетот, но не и да ги наметнува.
На жените беше забрането да гласаат на претходните избори, но во 2011 година тогашниот крал Абдула најави дека тие ќе го добијат тоа право на изборите во 2015 година
Дискриминацијата на жените е силно изразена во Саудиска Арабија – секоја жена, независно од возраста, е обврзана да има придружник маж. Саудиска Арабија е и единствената земја во светот во која се забранува на жените да возат. Во 2015 година само 13% од жените работат.
Првата жена во составот на владата беше назначена само во 2009 година кога Нора ал Фаиз прогласена за заменик-министер за женското образование. Сепак таа има силно ограничени права – можеше да се појави без превез, да се прикажува на телевизија без дозвола и можеше да разговара со своите колеги мажи само преку видеоконференција.

