Пет факти кои го објаснуваат економскиот пад на Русија

од desk3
71 прегледи

 

За прв пат од 2009 година – најниската точка на глобалниот економски пад – Русија е во рецесија. Нејзината економија ќе се намали за 3 отсто оваа година, иако девизните нејзините резерви од 360 милијарди долари кеш ќе го ублажат веднаш ударот. Додека претседателот Владимир Путин продолжува со обидите за наметнување на руската моќ на меѓународната сцена, станува јасно дека тој сега управува “потонувачки пазар” . Ако нешто не се промени, Русија е во бавен и стабилен економски пад. Пет факти кои објаснуваат зошто е тоа така:

путин

1. Недостаток на диверзификација

Од значење е не само големината на една економија, но нејзината разновидност и одржливост. Со години Кремљ поддржуваше и заштитуваше државни компании за сметка на малите и средните претпријатија. Но овие мали фирми се фундамент на секоја силна и добро насочувана економија. Малиот и среден бизнис го стимулираат иновациите и реагираат ефикасно на променливите времиња, технологија и кориснички вкусови. Во Европската унија малите и средни бизнис создаваат во просек 40% од бруто домашниот производ во соодветната земја, а во Русија – 15 проценти. Ова се застрашувачки индикатори за секој кој планира да започне бизнис во Русија.

Работите не одат на подобро – меѓу 2008 и 2012 година приватниот сектор во Русија изгуби 300 000 работни места, додека државниот додаде 1.1 милиони луѓе на плата. Наместо да диверзифицирњеа, Москва го засилува својот државно-централизиран пристап кон економскиот развој.

2. Зависни од милоста на нафтените пазари

Цената на нафтата падна под 45 долари за барел – добредојдени во новата нормалност. Земјите од ОПЕК вадат нафта на историски нивоа, обидувајќи се да се справат со конкурентите, а Иран се закачува да донесе милион нови барели дневно на светските пазари, по укинувањето на меѓународните санкции. За Москва тоа се длабоки нарушувања, бидејќи извозот на нафта и природен гас формира скоро 50% од буџетските приходи. Во 1999 година тие обезбедуваа помалку од половина од извозните приходи, додека денес формираат 68 проценти. Москва стана толку зависна од енергетските продажба, што секое поевтинување на нафтата со еден долар води до потенцијални загуби на земјата од 2 милијарди долари. За да го балансира својот буџет, Русија има потреба нафтата да се врати на 100 долари за барел. Ова ќе потрае некое време.

3. Ранливост од санкции

Прекумерната зависност на Москва од суровата нафта, која формира 40 проценти од рускиот државен буџет,ја прави земјата особено ранлива од меѓународни санкции. Со оглед на возраста на многу од постоечките нафтени и гасни локации, Русија ќе е се повеќе зависна од најновите технологии на западни компании, за да добива нафта во тешко достапни зони и во длабоки води. Овие извори може да формираат над 15% од светските неоткриени нафтени резерви и 30% од гасните. Некои тврдат дека Русија може да се обрати за помош кон Кина, но додека Кина сака повеќе руска нафта и гас, таа не располага со технологија која и е потребна на Русија за да ги добива овие ресурси. ММФ смета дека санкциите на крајот може да ја чинат Русија 9% од нејзиниот БДП.

4. Други проблеми на Русија

Продуктивноста на Русите не е приближно колку што би можела да биде. Со секој свој изработен час рускиот работник придонесува 25.90 долари кон рускиот БДП. Просечниот грчки работник додава 36.20 долари на час работа, а Грција не е земја од чија продуктивност сакате да заостанувате. За работниците во САД овој показател е 67.40 долари.

Во прилог, ендемската корупција ја чини руската економија меѓу 300 и 500 милијарди долари годишно или грубо пресметано, три грчки спасувачки програми, земени заедно. Оваа година Фридом Хаус ја оцени земјата со 6,75 на скалата за корупција, каде 7 е “најкорумпираната”.

Затоа не е изненадувачки што добро образованите Руси масовно ја напуштаат земјата. Помеѓу 2012 и 2013 година над 300 000 луѓе ја напуштиле Русија и експертите веруваат дека бројот ќе се зголемува, особено по анексијата на Крим од Москва.

5. Никакви стимулации за промена

Најголем проблем за Русија можеби е одбивањето. Обично застој на економијата доведува до промена на политичкото раководство. Некои земји, како Грција на пример, стигнуваат до крајности – Атина смени пет различни влади за пет години. Но Русите одат по другиот пат – додека економијата оди надолу, Путин станува уште попопуларен – одобрението кон него сега е 86 проценти. Повеќе изненадувачки факт е дека 73% од Русите се незадоволни од економијата,а 7 од 10 Руси го одобруваат начинот на кој Путин се справи со неа.

Како е можно тоа? Околу 90% од Русите се информираат од вестите од руските телевизиски канали, директно контролирани од Кремљ. Откако ги “спакува” санкциите и инвазијата во Украина како битка на “Русија против Западот”, Путин успеа да го разгори национализмот во земјата. Денес 63% од Русите имаат многу поволна слика за својата земја, во споредба со 29% во 2013 година и 51% во 2014 година Во таква ситуација е лесно да се обвинат надворешни сили за лошата економска ситуација во земјата. Путин знае што сака да чуе народот . Не е јасно дали знае како да ја среди заглавената економија.