Озонот е виновен за непријатноста при летање

од Vladimir Zorba
70 прегледи

По долг лет се чувствуваме лошо заради воздухот во авионите, стана јасно од истражувањето, цитирано од списанието “Господин”.md2gwaswuywiwav4qn50

Иако обично ја  припишуваме непријатноста на местото на седиштето, недостатокот на добар сон или на временската разлика, причината е сосема друга. Омалаксаноста се должи на концентрацијата на озон во авионскиот воздух – во некои летови таа достигнува повисоки нивоа, поради поголемото присуство на гасот на поголеми височини.

Ова доведува до затнување на носот, иритација на очите и сувост на усните. При подолг лет симптомите се влошуваат, покажува истражувањето.